Приведен возачот кој усмрти велосипедист во Скопје и го напушти местото на несреќата

Приведен е возачот кој денеска удри велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и кој по несреќата го напушти местото на настанот, соопшти МВР.

Се работи за Х.К.(37) кој со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удри во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје.

-Денеска во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје, затоа што околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, тој е пронајден и лишен од слобода,

По документирање на случајот против  Х.К. ќе биде поднесена соодветна пријава

Back to top button
Close