Приведен жител на Лојане, фатен како превезува мигранти

– Четириесет и петгодишниот А.С. од село Лојане, липковско, е приведен ноческа откако при полициска котрола на автопатот Градско-Велес било утврдено дека со невовото возило превезувал мигранти.

Во СВР Велес синоќа е лишен од слобода 45-годишниот А.С. од село Лојане, липковско, поради тоа синоќа што околу 03 часот на автопатот Градско – Велес, во  близина на клучка Велес – Штип – Скопје, при полициска контрола на патничко возило „фолксваген шаран“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, било утврдено дека превезувал 12 мигрантиод кои 10 од Авганистан и двајца од Иран, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Тој појаснува дека по документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. ад/сст/

Back to top button
Close