Приведен жител на село Ливада, го нарушил јавниот ред и мир во Дебар

Против жител на струшкото село Ливада, дебарското одделение за внатрешни работи ќе поднесе соодветна пријава поради нарушување на јавниот ред и мир.

-Вчера во ОВР- Дебар, приведен е С.А.(23) од струшкото село Ливада кој, претходно, на улицата „Братство Единство“ во Дебар, во алкохолизирана соостојба го нарушил јавниот ред и мир. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Димоски исто така информраше дека од 22 до 4 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето ОВР Дебар, кое со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, полициските службеници затекнале двајца возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол.

Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

– Мерките во сообраќајот се преземаат со цел зголемување на сообраќајната безбедност, истите интензивно ќе продолжат поради што, апелираме до возачите на максимално почитување на сообраќајните правила и прописи и строго придржување до пропишаната брзина на управување моторни возила.

Back to top button
Close