Related Articles
Можеби ќе ве интересира
Close
Вчера околу 15:15 часот, полициски службеници извршиле контрола во објект во изградба на улицата „Тодор Циповски Мерџан“, при што биле затекнати 12 бугарски државјани на возраст од 34 до 66 години кои работеле на објектот.

При проверките било утврдено дека лицата имале нерегулиран и непријавен престој на територијата на државата.
Од СВР Тетово соопштија дека сите лица се задржани во Полициската станица во Тетово за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за странци.