Приведени двајца дилери, пронајдена марихуана

 На подрачје на Полициското одделение Шуто Оризари, синоќа во 19.15 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, ги привела Н.Д. и неговиот син Т.Д.(31).

Како што денеска соопштија од МВР, по претходно добиена наредба, бил извршенија претрес во домот на Н.Д.(54) од Скопје, при што пронајдени се 255 пакетчиња марихуана подготвена за продажба, како и марихуана која не била спакувана и дигитална вага на која имало остатоци од марихуана.

По целосно документирање на случајот, стои во соопштението од МВР, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Back to top button
Close