Приведени двајца крадци од Скопје, пронајдени украдени предмети
Полициски службеници од ОКР Гази Баба денеска ги приведоа В.А. (29) и С. Ш. (21) од Скопско поради извршено кривично дело тешка кражба во периодот од 20 до 27 ноември 2020 во куќа во село Идризово.
Како што соопшти денеска МВР, лицата во повеќе наврати од куќата одзеле бела техника, златен накит, телевизори, лаптоп компјутери и други предмети.
Кривичното деко е расчистено, а пронајдени и одземени се предметите кои потекнуваат од кривичното дело.
По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје.