Приведени двајца разбојници од Скопје, следува кривична пријава

 По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба расчистија кривично дело разбојништво случено на 26.02.2023 година во село Петровец, скопско.

Како што информираат утрово од МВР, по преземени мерки било констатирано дека Б.Б.(67) од село Петровец и М.И.(31) од Скопје на 26.02.2023 во село Петровец физички нападнале двајца малолетници и им одзеле мобилен телефон. Со нив бил извршен службен разговор, при што го признале делото. Исто така, бил пронајден и телефонот и бил вратен на сопственикот.По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава

Back to top button
Close