Приведени двајца скопјани поради поткуп на гласачи
30.10.2021 16:16
461 Читање помалку од 1м
Полицијата во Скопје денеска околу 14 часот лиши од слобода две лица поради поткуп на гласачи, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Денеска (30.10.2021) околу 14 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.З. (59) и А.С. (63) од Скопје кои во скопската населба Даме Груев давале пари во замена за глас на локалните избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање – информира МВР.
На лицата на кои им давале пари за глас им земале копии од лични карти, а при приведувањето кај нив се најдени пари и други предмети, додаваат од МВР. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.