Приведени две лица од Куманово, пронајдени околу 4.000 петарди

Кумановската полиција ќе поднесе соодветни пријави за две лица откако при претрес пронашле 4.000 парчиња петарди.

Како што соопшти полицијата, синоќа во 22.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М.(37) и А.Б.(28), двајцата од Куманово. При претрес во домот на А.Б., извршен со судска наредба, бил затекнат С.М. и кај него биле пронајдени околу 4.000 парчиња различни видови пиротехнички средства – петарди.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесени соодветни пријави.

Back to top button
Close