Приведени крадци од Кочани, расчистени 14 кривични дела

 

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани денеска ги лишиле од слобода А.М. (29) од Кочани и С.Р. (20) од Кочани, а направен е и службен разговор со малолетник, поради основано сомнение дека тројцата извршиле 12 тешки кражби и две кражби на подрачјето на Кочани.

Тие во службен разговор, соопштија денеска од МВР, ги признале делата извршени во обложувалница, аптека, фирми, куќи, возила…

Дел од одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците, а против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Back to top button
Close