Приведени крадци во Велес, одземените предмети вратени на сопственикот

Полициски службеници од СВР Велес вчера во 14 часот во Велес ги лишиле од слобода Д.М.(19) од Скопје и Е.Ј.(26) од Велес. Тие се сомничат дека периодот од 15.00 часот на ден 22.04.2022 до 11.00 часот на 24.04.2022 од имот во с.Отовица, велешко, сопственост на К.Б.(77) од Скопје, одзеле повеќе предмети, соопшти МВР.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР

Back to top button
Close