Приведени криминалци од Тетовско барани со потерница
Во тетовското село Доброште вчера во 10.40 часот полициски службеници со судска наредба го привеле Д.И.(31) од истото село, осуден на затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Денеска, пак, во 10.20 часот во тетовското село Голема Речица од полициски службеници со судска наредба бил приведен И.Ш.(51) од истото село, осуден на затворска казна за сторено кривично дело „кражба“.
Д.И. и И.Ш. биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Тетово во Тетово, за издржување на казните.