Приведени осум лица, расчистени четири кривични дела „насилство“

Приведени 10 лица поради нападот на полицајци во Прилеп

Секторот за внатрешни работи од Скопје расчисти четири кривични дела „насилство“ што се случиле изминатиот период на подрачјето на градот и приведе осум лица.

Министерството за внатрешни работи, попладнево соопшти, дека вчера во полициска станица биле повикани А.Т. и О.А., двајцата од Скопје, затоа што на 3 јуни во паркот Чаир физички го нападнале С.Х. при што А.Т. употребил и остар предмет. 

Вчера во полициска станица се повикани и Д.Т. и И.Т. затоа што на 9 јуни физички го нападнале Д.И. од Скопје.

Во средата во полициска станица бил извршен разговор и со А.А. и Б.И. затоа што на 20 јуни на булеварот „Партизански одреди“ физички ги нападнале И.Ј.(20) и С.Ј.(27).

На 19 јуни во полициска станица биле повикани и Б.А.(24) и И.Т.(20) затоа што истиот ден физички го нападнале Б.Л.(51).

Од МВР најавуваат соодветни пријави против сторителите по целосно документирање на случаите. 

Back to top button
Close