Приведени се двајца криумчари на мигранти од Косово, определен им е 30-дневен притвор

При контрола на автопатот Гевгелија – Неготино се запрени возило „фолксваген транспортер“, управувано од А. Г., и „шкода октавија“, управувана од Г. Г. Во комбето се пронајдени седум мигранти од Египет, а полициската истрага утврди дека возилото „шкода“ служело како претходница

Осомничените се спроведени во КПУ Затвор „Скопје“, додека мигрантите се сместени во Центарот за баратели на азил во скопско Визбегово

Двајца државјани на Косово се лишени од слобода поради сомнение за криумчарење мигранти, откако полицијата вчера во близина на наплатната станица кај Демир Капија откри седум мигранти од Египет во возило со косовски регистарски таблички.

Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера во 06:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги приведоа А. Г. (42) и Г. Г. (39), двајцата од Косово.

„При контрола на автопатот Гевгелија – Неготино се запрени возило ‘фолксваген транспортер‘, управувано од А.Г., и ‘шкода октавија‘, управувана од Г.Г. Во комбето се пронајдени седум мигранти од Египет, а полициската истрага утврди дека возилото ‘шкода‘ служело како претходница“се вели во полициското соопштение.

За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК).

Против двајцата косовски државјани е поднесена кривична пријава и им е определен 30-дневен притвор.

Осомничените се спроведени во КПУ Затвор „Скопје“, додека мигрантите се сместени во Центарот за баратели на азил во скопско Визбегово.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close