Приведени седум државјанки од Албанија од угостителски објект во тетовско

Полициски службеници од СВР Тетово во координација со Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово и инспектори од Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола во два угостителски објекти во Тетово и тетовско.

Како што информира МВР, во еден од објектите биле приведени седум државјанки на Република Албанија поради прекршок од Законот за странци.

Тие биле задржани во полициска станица и ќе им бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија од МВР.

 

Back to top button
Close