Приведени три лица од струмичко за пустошење на шума

Полицијата од Радовиш вчера лишила од слобода тројца жители на струмичкото село Баница, кои биле затекнати како со повеќе запрежни возила превезуваат вкупно 25 кубни метри бесправно исечени дабови огревни дрва, а кај нив биле пронајдени и одземени и неколку моторни пили, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– На 23.12.2022 во 14.00 часот на место викано „Варница“, во атар на село Варварица, струмичко, полициски службеници од Полициска станица Радовиш ги лишиле од слобода Д.С.(22), С.С.(43) и З.С.(43), сите од село Баница, струмичко.Лицата биле затекнати како со повеќе запрежни возила превезуваат вкупно 25 метри кубни бесправно исечени дабови огревни дрва, а кај нив биле пронајдени и одземени и неколку моторни пили, стои во соопштението од МВР.

Оттаму дополнуваат дека дрвата и запрежните возила се пренесени во склад на Јавното претпријатие „Национални шуми“ во Струмица, а трите лица се приведени и задржани во полициска станица Струмица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „пустошење на шума“.

Back to top button
Close