Приведени тројца фудбалери на Гостивар

Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Гостивар имаше и „трето полувреме“. Имено по натпреварот од 28. коло на ПМФЛ крај езерото, дојде до судир помеѓу фудбалерите на двете екипи.

Фудбалскиот клуб Гостивар вечерва објави дека тројца фудбалери и еден член на стручниот штаб се приведени од струшкара полицијата.

„Тројца наши фудбалери и еден член на стручниот штаб се приведени во полициската станица во Струга и се на испитување веќе пет часа. Ним не им е дозволено да се видат со соиграчите ули најблиските. Управата и нашиот спортски директор со часови чекаат пред полициската станица да добијат вести од полицијата“, стои во соопштението на Гостивар.

Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Гостивар заврши без победник (1-1).

Back to top button
Close