Приведени тројца скопјани за кражби, досега им се одземени 26 велосипеди

Скопската полиција приведе тројца скопјани, двајца осомничени за тешки кражби, најмногу на велосипеди, и еден за прикривање.

Станува збор за две момчиња на возраст од 22 и 24 години кои краделе велосипеди, но и извршувале тешки кражби во подруми и станови во Скопје. Украденото го препродавале кај третиот осомничен, 53-годишен маж, кој ги купувал велосипедите за минимална цена и ги препродавал или ги расклопувал во делови.

-Досега од сторителите се одземени 26 велосипеди, еден апарат за заварување, една бормашина, една брусилка, две рачни стеги, разен рачен алат и лаптоп- велат од МВР.
Полицијата ги повикува оштетените граѓани да отидат во полициската станица „Карпош“, секој работен ден од 9 до 15 часот, за да си ги препознаат велосипедите.

Back to top button
Close