Приведениот активист не поднел пријава дека е тепан, тврдат од МВР

Активистот на ВМРО-ДПМНЕ кој денеска беше приведен на денешниот протест кај ТЦ Мавровка тврди дека бил приведен бидејќи снимал со мобилниот телефон, а за дел од медиумите изјави и дека бил тепан. Како што посочил, наводно еден од полицајците го удрил во слабина.

Од МВР, пак на прашање на “Фокус”, дали активистот бил физички нападнат, негираат дека се случило насилство.

-Лицето е лишено од слобода за омаловажување на службено лице и агресивно однесување, како и непочитување наредба од полициски службеник и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

До сега ова лице нема поднесено пријава за непрофесионално однесување на било кој полициски службеник, ни одговорија од МВР.

Back to top button
Close