Приведениот па ослободен Николовски: Ова е цената на јавно искажаните ставови

Никола Николовски кој вчера беше приведен од скопската полиција за наводна поврзаност со заканувачките дојави за бомби во училиштата, денеска се огласи на социјалните мрежи каде што под псевдонимот Боемот објавува свои ставови за актуелни општествени и политички теми од земјава и од светот.

Во објавата на социјалните мрежи, Николовски вели дека вчера неправедно бил приведен од полицијата за дело кое не го сторил, а неговото апсење го поврза со, како што вели, цената на јавното искажување став во Македонија. Тој вели дека некому очигледно му пречат неговите ставови и независноста од политиката.

 

„Вчера бев изложен на јавен линч, закани и ликувања за моја осуда. Слободната мисла е повредна од секоја закана, притисок и уцена – нема да ме замолчите, само ме направивте посилен. Затоа продолжувам со засилено темпо јавно да го искажувам моето мислење, но овој пат наместо под псевдоним ќе го додадам и моето име: Никола Николовски -стои во објавата на Николовски на социјалните мрежи.

Николовски под псевдонимот Боемот на социјалните мрежи објавува свои ставови за актуелни општествени и политички теми од земјава и од светот

Николовски им се заблагодари на своите следбеници на социјалните мрежи за искажаната поддршка и борба против, како што рече, дезинформациите чија цел била да ги оцрнат и омаловажат него и неговото семејство.

Back to top button
Close