Приведено едно лице од демирхисарско за предизвикување пожар

Полициски службеници вчера привеле едно лице од демирхисарското село Слоештица за предизвикување на пожар на куќа. Тој запалил гранки меѓу куќа и плевна при што предизвикал пожар во кој целосно изгорела плевната.

– Вчера во демирхисарското село Слоештица, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишија од слобода Н.М.(69) од с.Слоештица. Имено, во ОВР Демир Хисар е пријавено дека настанал пожар на куќа во с. Слоештица, а по преземени мерки е констатирано дека Н.М. запалил гранки помеѓу куќа и плевна, сопственост на А.П.(45) од Скопје, при што била зафатена плевната која целосно изгорела. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Демир Хисар, а повредени лица нема, посочуваат од МВР.

Од Министерството соопштуваат дека увид извршила увидна екипа на ОВР Демир Хисар и по документирање на настанот против лицето ќе следува соодветна пријава.

Back to top button
Close