Приведено лице од Радовиш поради дрога

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со ОВР Радовиш,  вчера го лишиле од слобода В.Х.(31) од Радовиш.

При претрес во неговиот дом во Радовиш, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле околу 300 грама марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Back to top button
Close