Приведено лице во Сингелиќ барано со централна потерница

 Осуденик кој се барал со потерница за издржување казна затвор, денеска попладне е уапсен  во село Сингелиќ во општина Гази Баба.

Од МВР соопштија дека во 14:30 часот полициски службеници од Оперативниот тим Потраги и Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода Н.Р. (30) од Скопје. За него биле распишани централна потерница и наредба од Основен суд Скопје за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и за предизвикување општа опасност и се барал за издржување затворска казна од 2 години и 3 месеци.

-Н.Р. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната, информираат од полицијата.

Back to top button
Close