Приведено лице во Струмица за шверц на половина тон суров тутун

 

 Полицијата вчера во Струмица го лишила од слобода Ф.Ќ.(37) од село Страхојадица, Општина Зелениково.
Како што соопшти МВР, при преглед во товарно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, извршен во содејство со државен инспектор од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле пронајдени и одземени 25 картонски кутии со суров тутун во лист со вкупна тежина од околу 500 килограми, за кои не поседувал никаква документација.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close