Приведено лице заради службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање на службена тајна“

Полицијата синоќа привела лице, заради извршување службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање на службена тајна“ во врска со полициските акции месецов против криминална група, потврдија за МИА од МВР.

-Лицето за кое прашувате на 28.12.2024 беше приведено, при што во полициска станица беше извршен службен разговор во врска со кривично дело Оддавање службена тајна, одземен му е мобилен телефон, по што по насока на ОЈО лицето е ослободено, се вели во одговорот.

Дел од медиумите објавија дека е приведен е син на поранешен висок функционер.

Back to top button
Close