Приведено лицето кое со секира нападна новинар

 
Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, денеска околу 17 часот и 30 минути, во село Топлица, гостиварско, го лишиле од слобода 59-годишниот Б.Е.од гостиварското село Ѓурѓевиште, по добиена пријава  дека пред тоа во Ѓурѓевиште го нападнал 23-годишниот Н.А.(новинар) од гостиварско Калиште и во раката имал секира со која му се заканувал.
Приведеното лице во консултација и координација со Јавен обвинител, задржано е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Back to top button
Close