Привелегираните им го цицаат трудот на помалите производители на канабис за медицински цели

Пред новиот парламентарен состав, веднаш после консттуирањето, мегу другото, на дневен ред пред претениците, ќе се најде предлогот за усвојување на Закон за опојни дроги и психотропни супстанции.

Пред стариот состав, беше ставен, и тоа со европско знаменце, но беше повлечен од собраниска процедура по реакциите на сегашната опозиција, која обвини дека се носи за лични интереси на поединци и семејства, до власта блиски луѓе. Пратен е на доработка во Министерството за здравство.

Министерството веќе отпочнало разговори за да се усогласат законските решенија по прашањата за производство на лекови од канабис и добивање лиценца за негово одгледување, како и за ставање под контрола на нови видови дроги.

За усвојување на законот, се потреби само 61 глас, што им отвори сомнеж дека и актуелната власт не сакала да го донесе пред изборите, плашејќи се дека, опозицијата на тоа ќе поентира, односно дека ќе изгубат многу гласови.

Поради недонесувањето на овој закон, во земјата има огромни количини залиха на сув цвет кој во моментот не може да се извезува.

Во една прилика, производителите, преку здружението „Макканабис“ организираа протест пред владата. Мегутоа, самите кажуваат дека станува збор за про – форма асоцијација, која нема моќ нешто повеќе да направи и дека некој го создал колку да им наплаќа рента на членките.

Марихуанџиите – произведители бараат коморско здружување, како посебен кластер во бизнис заедницата

Производителите бараат коморско здружување, во посебен кластер во бизнис заедницата, кој ќе има влијание, за што стапиле во контакт со Стопанската комора. Од таму велеат дека има и потреба и расположение за такво нешто.

Тие побараат од владата да предложи законско решение кое ќе се овозможи извоз на сув цвет од канабис. Особено што во моментот има големи залихи на цвет, а доколку истите не се извезат, ќе им предизвикаат големи загуби на фирмите производители. Ако вака продолжи, дел ќе пропаднат, а во секој случај многу вработени ќе бидат отпуштени.

-Ова производство не може да чека на залиха, таа мора да се екстрахира. Тоа е органско добро, цветот не може да чека. Секојдневно губиме се повеќе и повеќе, ако стои во магацините во залиха, вели за Либертас Мери Кузманоска, од охридската фирма Милкуз.

Кузманоска додава дека со предлог законот се овозможува извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели така што на правните лица одгледувачи на канабисот им е овозможено веќе произведените количини на сув хербален производ, како опојна дрога, да ги пласираат на пазарите во Европа и пошироко,а, при тоа почитувајќи ги меѓународните конвенции и европското законодавство.

Во дел од компаниите кои произведуваат канабис, особено оние поголемите, има странски партнери. Поради недостигот на домашна експертиза, домашните компании бараат странски стратешки партнери, кои освен пазар може да им обезбедат и знаење за бизнисот.

Како земја најсигурен партнер се смета Израел, преку фирми во Лондон, додека во делот на консултанските услуги, се потпираат на фирми од Грција, Холандија и САД. Како земја сигурен партнер се смета и Германија.Партнерството е во делот на финасиите, но и пласманот. Мегутоа, соработката е отежната поради законската празнина.

Канабис можат да произведуваат само правни лица

Одгледувањето на канабис во Македонија според законот е дозволено само за правни лица, кои тоа ќе го прават во медицински и научни цели. Тие прво треба да добијат лиценца од ресорното министерство, по претходна согласност од Владата.

Според Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, компанија може да добие лиценца доколку има обезбедено соодветен простор, површини или земјиште за одгледување, сушење и складирање. Канабис за медицински цели се сите надземни свежи или суви делови на растението, вклучително и семето.

Законодавецот предвидел дека просторот за одгледување канабис треба да биде атмосферски заштитен и ограден со ограда висока најмалку четири метри, како и да има обезбедено 24-часовен видео надзор над целиот простор и 24-часовно физичко обезбедување. Исто така, фирмата треба да им вработено најмалку четири лица од, кои едно да биде дипломиран фармацевт со најмалку три години работно искуство и едно да биде агроном со насока полјоделство и најмалку три години работно искуство.

​Употребата на марихуаната за рекреативни цели се уште не е декриминализирана во Македонија, но на социјалните мрежи деновиве беа коментирани инфорамции дека властите планираат законски измени кои тоа ќе го променат со тоа што истовремено ќе спроведат пилот проект за отворање на таканаречени „кофи шопови“ во Скопје, Струмица и Битола.

Од Владата велат дека станува збор за дезинформација и дека „не постојат владини анализи за легализирање на марихуаната за рекреативни цели.

Што е канабисот? Побаравме објаснување од нашата соговорничка, Кузманоска.

Изминативе децении во светот се изработени бројни научни трудови за одгледувањето и употребата на канабисот. Според познатите факти, канабисот е едно од ретките годишни растенија кое има два различни пола, односно растението може да порасне во машка, или во женска сорта, но и во хермафродитска која ги има двата репродуктивни органи, објаснува Кузманоска.

Постојат три видови на марихуана: Индика (cannabis indica) – која расте релативо ниско и широко, Сатива (cannabis sativa) – која расте виско и релативно потенко со повеќе истакнати листови и Рудералис (cannabis ruderalis) – која е помало растение кое најчесто се употребува за правење облека.

Сите видови марихуана имаат свои карактеристики, но најголемиот индикатор за нивната потенција е количината на ТХЦ, која е суштинска за смирувачките и лековитите квалитети. Марихуаната исто така содржи многу други природни хемикалии кои се нарекуваат канабиноиди како што е ЦБД (канабидиол) што исто така имаат влијание при нивната употреба.

Фармацевтската индустрија со децении ја користи марихуаната за производство на секакви видови лекови, текстилната индустрија прозиведува облека од конопот, од растението се произведуваат различни прехранбени и козметички производи, се проучува производство на био гориво. Сепак нејзината употреба се уште е забранета во многу земји во светот.

Помодарство, или вносен бизнис?

Во последниве неколку години, кај нас, постана мода, да се подигнуваат капацитети за одгледување на канабис за медицински цели од правни лица.Тоа е овозможено со измените и дополнувањата на Законот за контрола на опојни дроги ипсихотропни супстанции во 2016 година.

За висока мода се потребни големи пари, така што во овој бизнис влегоа, главно фирми кои остваруваат профит, од една, а се блиски до владините структгори – од друга страна.

За само два-три години, изникнаа капацитети, што стари хали во тврда градба, што оранжерии под пластеници, така што во моментов ги има педесетина. Најголемиот број се во Источна и Југо-Источна Македонија, најчестопо селата (Јосифово на пример), но ги има и во градови.Ги има и во централниот, но и западниот дел од земјата.

Во прилепскиот дел и Пелагонија, во селото Алдинци.Во Скопје, во објектите на поранешен Охис, во Петровец, како и во Куманово.

Во Охрид и охридско има три. Една во градот, една во Оровник и една кај Ново Село, која е најголема, проектирана на 20.000 метри квадратни.

Само половината ги исполнуваат високите стандарди, така што производителите бараат тие да се воедначат.Производителите велат дека големиот интерес е поради поволната бизнис клима, како и ефтината работна сила на пазарот на трудот. Интересот е зголемен и поради рапидно зголемената цена на светската берза на маслото од канабис и сувиот цвет од растението канабис.

Во овој атрактивен бизнис, според зборовите на поранешниот премиер, Зоран Заев, би требало да се вртат околу 100 милиони евра, односно околу 1 отсто од БДП-то на Македонија. Со истата бројка се служи и министерот за здравство, Филипче.

Инвестициите не се мали. Стигнуваат и до десетина милиони евра, додека за најсовбремена се смета плантажата на градежникот Азманов во Куманово, која е направена така, што процесот може да тече од садење, преку берба на сув цвет, се до масло – како завршен производ.

Сепак, после првобитната потрка, не се офајдија премногу, не ги исплатија инвестициите, особено не оние што немаат лиценца за производство на масло од канабис. Такви ги има до 15, тие се во привелегирана положба. Тие полесно се снајдуваат и во извозот, а другите, доколку сакаат кај нив да го довршат процесот – до масло, се изложуваат на опасност привелегираните да им ги откријат и преземат купувачите. Ги уценуваат и со откупната цена на сувиот цвет, така што,практично, работат со загуба. 

Back to top button
Close