Привредено лице во Делчево, управувал возило под дејство на алкохол

Полициски службеници од Полициската станица Делчево, ноќеска во 01:50 часот во Делчево, го лишиле од слобода М.Р.(35) од Делчево.

Како што соопшти денеска МВР, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Хјундаи“, кое го управувал М.Р., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,84 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

-По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, се наведува во соопштението

Back to top button
Close