Приврзаници на претседателката на Молдавија бараат предвремени парламентарни избори
Илјадници приврзаници на новоизбраната претседателка на Молдавија, Маја Санду се собраа денеска на улиците на главниот град Кишињев барајќи предвремени парламентарни избори и обвинувајќи го Парламентот дека ја саботира нејзината подготвеност да се бори против корупцијата.
Санду своевремено беше официјална претставничка на Светска банка и има блиски односи со ЕУ, а на изборите минатиот месец го победи прорускиот кандидат Игор Додон, но во Парламентот мора да ја дели власта со неговите приврзаници.
Молдавија, каде живеат 3,5 милиони жители и во која Западот и Русија се борат за влијание, ја тресеа корупциски скандали, а еден од поголемите се случи кога исчезнаа една милијарда долари од банкарскиот систем.