Приврзаниците на отец Партениј денес на протест – бигорскиот старец да биде владика на Дебарско-кичевската епархија, а не монахот Георгиј

Изборот на наследник на починатиот дебарско-кичевски митрополит Тимотеј, ги разбранува верниците. Aрхиепископот Стефан го унапреди во јероѓакон и јеромонах поранешниот амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓоргевски и го предложи за митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Ова предизвика реакција кај приврзаниците на отецот Партениј од Бигорскиот манастир.

Партениј има титула епискот антаниски. Верниците денес ќе се соберат во 12 часот на мирен протест пред резиденцијата на поглаварот на МПЦ-ОА на скопското Кале.

Во соопштението стои:

Црквата е народот, а народот има свој кандидат! Утре на 31 Мај (Сабота) од 12 ч. пред резиденцијата на Архиепископот г.г. Стефан во Криви Дол ќе се одржи мирен народен собир под мотото ‘Гласот на народот – глас на Бога’.

Верниците на МПЦ-ОА од неколку градови во Македонија, организираат мирен собир со цел поддршка за предлог на епископ Партениј како кандидат за митрополит на Дебарско-кичевската епархија, но и поради начинот на избор на нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Верниците се зачудени како Архиепископот со еден кандидат како предлог се оддржува избор?! За да има избор треба да предложите повеќе кандидати!? Избор со еден кандидат е парадокс, а тој кандидат не е викарниот епископ Антаниски со 30 години монашко искуство! Црквата е народот, без народ нема ни Црква!“, стои во соопштението.

Архиепископот вчера го испратил предлогот до членовите на Синодот, а седницата за избор ја закажал за 12 јуни оваа година.

Back to top button
Close