Призма архива -Која е Топалова-Исајловска?

Toполова-Исајловска, втора од лево | Фото: БИРН
Новинарот Васко Маглешов на 12 август 2024 година на порталот на Призма мк во текстот насловен „ Обвинителка бара да падне случајот за црните пари“ пишуваше за денеска избраната вд државен обвинител Анита Топалова Исајловска,која во следните 6 месеци до избор на нов државен обвинител на местото на Љупчо Коцевски кој си поднесе оставка ќе ја обавува функцијата вд државен обвинител.
Обвинителка бара да падне случајот за црните пари во ВМРО-ДПМНЕ
Обвинителката што бара „правда“ за „Талир“, брзо ги искачи сите скалила до највисоки позиции во Обвинителството.
Првпат избрана за обвинителка во 2009 година, во 2013 влегува во Вишото обвинителство за три години подоцна да биде унапредена во републичка обвинителка и заменичка на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.
Во 2011 година ја отфрли кривичната пријава на „Транспаренси интернешнел“ против тогашниот министер за финансии, Зоран Ставрески, за злоупотреба на службената положба и овластување, за упатство за распределба на пари за политичките партии.
Таа е сопруга на екс заменик-министерот за надворешни работи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Исајловски. Во 2016 година, 360 степени истражуваше како брачната двојка Исајловски, со заедничка основна нето-плата од 2.300 евра, плаќа кредити од 2.200 евра и живеат со 100 евра месечно.
Веќе неколку години во Обвинителството раководи со одделението за меѓународна помош. Во полугодишниот извештај на канцеларијата за врски на Македонија со Европравда за 2021 година стоеше дека во речиси сите предмети за кои странците побарале информација преку јавната обвинителка за врски Ленче Ристоска, од Тополова-Исајловска не добиле повратен одговор.
Од 2022 година, таа е избрана за член на извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители
Целиот текст објавен на призма во август минатата година ТУКА






