Призма“: До „златно“ државјанство преку фризерски салон во Скопје

Контроверзен американски инвеститор си обезбедил македонски пасош отворајќи фризерски салон во Скопје

Во центарот на Скопје, покрај некогашното култно кино „Култура“, има фризерски салон наречен „Шарм“. Скромен по големина и истовремено може да опслужи само неколку клиенти, „Шарм“ беше отворен во 2019 година од американскиот државјанин Шон Андре Скот, жител на пацифичкиот остров Саипан.

Една година претходно, Скот основаше компанија во Скопје и префрли 405 000 евра основачки капитал од Хаваи. Тој ангажирал 13 луѓе како вработени во салонот. А за возврат, македонската влада му даде пасош, одлука што е објавена во записникот од владина седница на 22 јуни 2021 година, пишува „Призма“.

Според македонскиот закон, владата може да додели државјанство на секој што сака да инвестира најмалку 400 000 евра и да вработи најмалку 10 лица минимум една година. Министерството за финансии треба да оцени дали инвестицијата е од интерес за државата. Но, дали фризерскиот салон „Шарм“ е навистина инвестиција од интерес на државата?

Околу 18 месеци по добивањето државјанство, Скот повлече 80 000 евра од својот основачки влог, наведувајќи ги како причини намалениот обем на работа по што почнува да го намалува и тимот во фризерницата.

Денес, салонот го води друга компанија, Скот го нема, а неговата компанија „Бест трејдинг компани“, на хартија има само еден вработен. Компанијата е управувана од Камбоџанецот Кухонг Пенг.

Целиот текст на „Призма“ прочитајте го тука.

 

 

Back to top button
Close