„Призма“: Дронот за генералката на Орце Ѓорѓиевски летал вон правила
Кога пиарот е буквално над системот
Дронот што ги снимаше панорамските кадри од акцијата за чистење на Скопје не бил пријавен за лет во Агенцијата за цивилно воздухопловство, покажуваат јавно достапните податоци на оваа институција, објави „Призма“.

Правилата налагаат секое летало што лета на македонското небо, претходно да биде регистрирано заедно со неговиот оператор, а летот претходно да биде најавен во системот.
Во други случаи, кога правилата биле прекршувани, Агенцијата за цивилно воздухопловство реагирала со опомени, а МВР повикувало новинари и фотографи на информативен разговор.
На шести ноември вечерта, паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ наликуваше на импровизирана база за „спасување“ на градот од ѓубре. Фаровите на десетици камиони и ротациите на комуналните возила го осветлуваа просторот. Возилата беа во готовност. Над нив – кружеше дрон.
…






