„Призма“: Фондација на екс-унгарски претседател доби тендер за отпад во Македонија

Еколошката фондација формирана од поранешниот унгарски претседател Јанош Адер, лојален сојузник на националистичко-популистичкиот премиер Виктор Орбан, соопшти дека добила проект од еден милион евра на ЕУ за да помогне во развојот на практиките за управување со отпад во Северна Македонија, пренесува „Призма“.

Владините критичари во Унгарија, се наведува во текстот, ја истакнуваат иронијата дека тендерот го добила организација со мало искуство во управувањето со отпадот и основач кој за време на неговиот десетгодишен претседателски мандат само зборувал за еколошките прашања во Унгарија.

Фондацијата на Адер наречена Фондација за заштита на климата на сината планета е основана во 2016 година со цел да ја подигне свеста за климатските промени и да најде и да промовира решенија за одржлива иднина. Таа беше великодушно финансирана од владата на Фидес, во текот на годините, во износ од неколку милиони евра.

 

Според Ласло Ситањи, директор на Фондацијата, тендерот од еден милион евра што го доби неговата организација ќе биде финансиран од ЕУ и нивната задача ќе биде да ги претстави „европските најдобри практики“ на владата во Скопје и да помогне да се создаде и имплементира систем што најмногу ќе одговара на земјата.

 

„Програмата за управување со отпад ќе се спроведува во рамките на подготовката на земјата за пристапување во ЕУ, таканаречената Твининг соработка, инструмент кој ја обединува експертизата од јавниот сектор од земјите-членки на ЕУ и земјите-кориснички за да се постигнат конкретни резултати. Фондацијата за заштита на климата на Сината планета ќе функционира како проект-менаџер, а самата работа ќе ја раководат Унгарци, иако ќе бидат вклучени експерти од различни европски земји, се вели во соопштението“ пренесува „Призма.

Повеќе

Back to top button
Close