Призма- Имаше, па снема обвинение за Коце Трајановски за фонтаната на плоштадот

Денеска застаре обвинението против ексградоначалникот на Скопје

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на претпоследниот ден од 2025 поднело обвинение против поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, осудениот бизнисмен Сеад Кочан и фирмата „Трансмет“ која е во стечај.

Трајановски е обвинет дека ја злоупотребил службената положба и овластување за дополнителни градежни работи на фонтаната со водоскоци (џампинг-џет) во 2016 година, а Кочан и неговата фирма дека ја злоупотребиле постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство.

За Трајановски, кој од 2024 е директор на Јавното претпријатие за државни патишта, денеска настапува целосна застареност на кривичното гонење.

Коце Трајановски | Фото: ЈПДП

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција потврдија за БИРН дека го поднеле обвинението на 30 декември 2025, иако тогаш не ја известија јавноста за тоа.

Предметот го суди судијата Ивица Стефановски. Судот ни одговори дека Кочан редовно се јавувал на трите закажани расправи, „но не е обезбедена уредна достава ниту присуство на третообвинетиот (н.з. Коце Трајановски)“. Од судот одговорија дека освен Трајановски, на закажаните рочишта не доаѓал ниту стечајниот управник на „Трансмет“ во стечај, Богољуб Макревски.

Целиот текст на Призма.мк

Back to top button
Close