Призма: Макстил“ се спогоди да плати 90 илјади евра и да ја извезе опасната прашина

Компанијата „Макстил“ се спогоди со Министерството за животна средина – ќе плати 90 илјади евра казна поради несоодветното управување со отпадот и до крајот на годинава ќе треба да ја извезе целата филтерска прашина која, како што откри БИРН, иако е опасен отпад, се чуваше во оштетени вреќи на отворен простор голем колку фудбалско игралиште, претставувајќи опасност за животната средина, пишува „Призма“.
Спогодбата е постигната на 5 март, на седница пред Комисијата за спогодување при Министерството, на која присуствувале генералниот инспектор за животна средина и претставници на компанијата.
Претходно, при вонреден инспекциски надзор спроведен од Државниот инспекторат за животна средина, кој следеше по разговорот со БИРН за постапувањето со филтерската прашина, беа утврдени неправилности при постапувањето со отпадот и работење спротивно на условите утврдени во А дозволата.
За вакви прекршоци, законот предвидува глоба од 180 илјади до 200 илјади евра, но компанијата побарала намалување на казната, наведувајќи дека веќе презема мерки за отстранување на филтерската прашина преку извоз и дека досега не сторила ваков прекршок.
Целиот текст прочитајте го тука.






