Призма“: Пропагандниот арсенал на ДУИ добива засилување

Преку идентични текстови што синхронизирано и спонзорирано се објавуваа на два релативно непознати портали – redakcija.mk и desk.mk, минатата недела се водеше црна кампања против претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, објави „Призма“.

Истражувајќи, БИРН ги доведе сајтовите во врска со функционерот од ДУИ и директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами, човек што е исклучително близок до првиот вицепремиер и втор човек на ДУИ, Артан Груби.

 

Медиумската хајка против судијката Адеми е дел од атмосферата што се создаде по иницијативата до највисокиот суд за оживување на аболициите на експретседателот, Ѓорге Иванов, со кои сериозно би се олеснило враќањето на Никола Груевски.

 

„Како да станеш милионер од позиција на претседател на Врховен суд: Катица Јанева со подарени троседи, а Беса Адеми со станови и фирми.“

 

„Беса Адеми го понижи Судскиот совет и покажа дека довербата во судството може дополнително да тоне со судии како неа.“

 

Овие се два од неколкуте идентични наслови што се појавија на redakcija.mk и desk.mk.

 

Сториите се напишани на македонски јазик. Ги имаат сите нишани на пропагандистички памфлети, не се потпишани од автор, доаѓаат од сајтови без импресум и ја напаѓаат судијката Адеми по повеќе основи. На моменти звучат и заканувачки.

 

„Катица Јанева, за сопствената алчност и корумпираност со аферите „Рекет“ заглави на долгогодишна казна затвор. Сега се на потег институциите да го проверат работењето на Беса Адеми и потеклото на нејзиниот имот…“,

 

вака завршува една од сториите објавена на двата сајта.

Redakcija.mk и desk.mk, во македонскиот интернет-простор ги регистрирала фирмата „Инфините солушнс 2023“, агенција за маркетинг, основана, како што покажува и нејзиниот назив – годинава и тоа во март. Во фирмата нема вработени.

 

Целиот текст може да го прочитате тука.

Back to top button
Close