„Призма“: Рамбл отвори претставништво во Македонија
Премиерот Мицкоски неколкупати најави државна соработка со компанијата на Павловски

Компанијата на канадско-американскиот бизнисмен со македонско потекло, Крис Павловски, отвори подружница во Македонија. „Рамбл клауд“ е регистрирана на адреса во центарот на Скопје, а нејзини управители се самиот Павловски и Брандон Александрофф, пишува „Призма“.
Павловски важи за човек близок до актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Неговата видео-платформа Рамбл постои од 2013 година, но популарност доби во последниве години, рекламирајќи се како виртуелен простор имун на кансел културата и на цензура.
На социјалните мрежи често споделува фотографии на кои е во друштво со Трамп, неговото семејство, со Елон Маск или музичарот Кид Рок…
Деновиве и портпаролката на Трамп, Керолајн Ливит му даде почесно место. Го покани Павловски да ја отвори прес-конференцијата во Белата Куќа на којa пак, тој се пожали дека Рамбл бил жртва на цензура од повеќе странски влади.
Целиот текст може да го прочитате тука.