Призма: Собранието ги врати државните реклами во приватните медиуми

Со поддршка на 78 пратеници, вчера доцна попладнето во Собранието се изгласаа измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, пипува Призма.

Меѓу позначајните законски измени е тоа што го укинаа мораториумот за државно рекламирање на приватните телевизии, пракса што власта предводена од СДСМ ја прекина во 2017, а со закон ја забрани во 2018 година.

„Членот 102 се брише,“ стои во измените прифатени вчера, со што за централната и за општинските власти повеќе нема правна пречка за реклами во приватните радиодифузери.

Определен е и износот, „0,1 отсто од државниот буџет од даночните приходи утврдени во последната донесена завршна сметка на Буџетот“.

Бројките од завршната сметка на буџетот за 2022 година покажуваат дека за ланската година тоа би биле 2,3 милиони евра. Годинава, ако се поголеми даночните приходи, тоа се уште повеќе пари.

Владата, во една календарска година спроведува најмалку една државна кампања.

Постапката е следна. Министерството за информатичко општество и администрација ќе им побара на партиите од власта и од опозицијата да предложат претставници во комисија, која ќе одлучува за кампањите од државен интерес.

Кога комисијата ќе биде формирана, членовите ќе можат да предлагаат теми за изработка на кампањи.

Од предвидените средства, 40 отсто ќе можат да ги користат националните телевизии, 40 отсто кабелските и сателитски телевизии, 15 отсто регионалните и локални телевизии, и 5 отсто радијата.

 

Повеќе

Back to top button
Close