„Призма“: Сопартиец на Изет Меџити предложен за член во обвинителскиот совет

Пратениците пред избор на кандидати во Советот на јавни обвинители

Двајца нови членови на Советот на обвинители добија зелено светло од собраниските комисии и останува пратениците да го потврдат нивниот избор.

Комисиските филтри ги поминаа струшкиот адвокат, Ардијан Демири, и истражителот од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ведат Салихи, пишува „Призма“.

50-годишниот Демири во биографијата напишал дека ги завршил студиите на Правниот факултет во 2004 година. Работел како преведувач, соработник и советник за правни прашања во Општина Струга. Положил правосуден испит и станал адвокат.

Демири во биографијата ги издвоил телевизиските настапи во дебати, каде бил соговорник за теми од правосдуството. Бил и граѓански активист.

Идејата зошто се пријавил на огласот е поради неговата „желба и надеж за подобра и поефикасна јавнообвинителска служба“.

Целиот текст прочитајте го тука.

Back to top button
Close