Признанија од МАН на Ивона Талевска за новинари професионалци. Латас и Геровски на врвот на лауреатската листа
На изборното Собрание на МАН, на кое денеска повторно е избрана да го раководи Ивона Талевска со одлука на Извршниот и Надзорниот одбор, беа доделени и посебни признанија.
Три награди беа доделени за учесниците во ТВ серијата „Бистра вода“ – за Игор Василев – за музика во ТВ серијата, за Валентин Видовиќ – награда за тонска обработка и трета награда за Јани Бојаџи – за најдобра продукција, сценарио и режија за серијата “Бистра Вода“
Во основањето и развојот на комерцијалните медиуми, МАН додели шест награди за професионалци кои имаат посебен придонес како основачи и децениски уредници на главни македонски медиуми.
– Драган Павловиќ Латас, основач и главен уредник на Радио Вокс, на дневниот весник Вечер 7 години и ТВ Сител 22 години, а исто така и основач на МАН и 12 години генерален секретар на организацијата.
– Бранко Героски, еден од основачите и главен уредник на весникот Дневник, водечки дневен весник во Македонија додека постоеше. Автор на Тв емисии на А1 ТВ, основач и уредник на неколку неделни изданија, основач на весникот Слободен печат, како и основач на порталот Плусинфо.
Признанија за професионално работење доделени им се и на Николина Јакимовска директор на радио Метрополис,Предраг Димитровски – награда за долгодишен придонес за професионално информирање и стандарди во професијата Дарко Јаневски – награда за долгодишен придонес за професионално информирање и стандарди во професијата Наташа Хаџиспиркоска Стефанова – награда за професионални стандарди во новинарството во областа на економијата и за ТВ Канал 5 доделена е награда за општествена одговорност и хуманост по земјотресите во Труција.