Пробиен патот до манастирот ,,Св.Петка” во селото Костиндол

Пробиен патот кој преку селата Вртиславци и Костиндол во делчевско-каменичкот регион води до манастирот „Св.Петка”. Марјан Митевски, член на црковниот одбор, информира дека земјената траса е пробиена, со помош на самите жители во селото.

-Трасирањето до патот кој води до манастирот траеше подолг период, но сепак со помош на мештаните кои обезбедија механизација, патот е пробиен на радост на самите жители, вели Митевски.

Апелира граѓаните да продолжат да донираат средства за доизградба на манастирот.

– Апелираме на масовност на акцијата, со цел ова подзаборавено место да заживее повторно. Се работи за стар манастир изграден во 1960 година, во кој оттогаш до денес не е инвестирано, додаде Митевски.

Со поддршка на општините, мештаните очекуваат реализација на целосната идеја, а очекуваат и помош од иселениците кои потекнуваат од овој крај.

Back to top button
Close