Проблематичен ученик ја нападнал и гризнал наставничката – дошла Брза помош да и помогне. Таа е на боледување дел од ученици бојкотираат и бараат да бидат безбедни
Поголем дел од учениците од една паралелка во 4-то одделение во основно училиште во Карпош денеска ја бојкотираат наставата затоа што не се чувствуваат безбедни. На настава се само неколкумина, сите други се дома. Во дописот што родителите го испратиле утринава до директорката на училиштето, а кој го доби и „Слободен печат“ се наведува дека нивните деца не се чувствуваат безбедни поради инциденти со меѓуврсничко насилство односно насилно поведение кај еден ученик кое ескалирало во петокот при што нападната била наставничката.
Дошла Брза Помош и наставничката е на боледување. Во медицинската документација стои дека наставничката „за време на вршење на работните обврски била загризана по раката и удирана по главата од страна на ученик“ и дека е уште вознемирена и расплакана.
Повеќе детали ТУКА