Проблемот во Клинички се решава со максимум 200 илјади евра, вели Демири

Хируршките операциони сали во државната болница повеќе од 10 дена работат само за итни случаи, како резултат на проблемот со компресорската станица. Министерот за здравство Илир Демири во интервју за ТВ21 вели дека овој систем е застарен и треба да се замени, но рацете му се врзани бидејќи оваа влада е техничка и не може да се распишуваат тендери.

-Главниот проблем ќе се реши и се надевам многу наскоро ќе се отвори тендерска постапка и поради тоа што сме во изборен период, но кога се работи за животот на луѓето и државни интереси, значи во интерес на државата е функционирањето на хируршките сали на клиничкиот центар Мајка Тереза, треба да се заменат сите компресорски станици и треба да се заменат сите приклучоци каде се уклучува апаратурата за кислород – вели Демири.

Во врска со ова тој преку допис побара од Владата „итно и неодложно да се пристапи кон променување на компресорската станица и инсталацијата на истата како и сите попратни елементи“, со цел хирургија во Клинички центар да може да функционира без пречки. Инвестицијата, според него, би била од 70 до 200 илјади евра.

-Станува збор за инвестиција кој доколку ја преведеме во пари е од 70 до 200 илјади евра се во прашање. Доколку започнат активностите, верувам дека за десет дена ќе се заврши како постапка – вели Демири.

 

Back to top button
Close