Прободен затвореник во штипскиот затвор

Во текот на вчерашниот ден, затвореник од штипскиот затвор бил избоден со нож, при што веднаш бил хоспитализиран, велат од МВР.

На 27.08.2022 околу 14.40 часот во СВР Штип е пријавено дека во Казнено поправна установа „Затвор Штип“ по претходна расправија осуденикот Љ.Ѓ.(41) од Скопје со нож го нападнал осуденикот В.С.(48) од Струмица и му нанел убодни рани. В.С. е пренесен во Клиничка болница-Штип за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Back to top button
Close