Проценка на ЦИА: Лојалните на режимот на Мадуро се најсоодветни да ја водат Венецуела

Во доверлива проценка на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) презентирана на американскиот претседател Доналд Трамп се заклучува дека оние лојалните на соборениот претседател на Венецуела, вклучувајќи ја и Делси Родригез, се во најдобра позиција да ја одржат стабилноста на земјата по Николас Мадуро.
Извори блиски до луѓето кои работат на ова прашање изјавија за „Волстрит џурнал“ дека Трамп бил свесен за извештајот на ЦИА споделен со мала група од тимот за национална безбедност.
Таа проценка беше една од причините зошто Трамп одлучи да ја поддржи потпретседателката Делсеа Родригез, сега привремена претседателка на Венецуела, наместо лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо, велат изворите.
Белата куќа не го потврди извештајот.
„Претседателот Трамп редовно е информиран за политичката динамика низ целиот свет. Претседателот и неговиот тим за национална безбедност донесуваат реални одлуки за конечно да се осигурат дека Венецуела се усогласува со интересите на САД и станува подобра земја за венецуелскиот народ“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит






