Продолжението на конститутивната седница за избор на Џафери закажано за 12 часот
– За денеска напладне е закажано продлжението на собраниската конститутивна седница, на која досегашниот прв човек на Собранието, Талат Џафери, треба повторно да биде избран за претседател на законодавниот дом.
Предлогот за избор на Џафери е поднесен во Собранието со потписи од сите 62 пратеника парламентарното мнзисинство што го сочинуваат СДСМ и Коалицијата „Можеме“ со Беса, ДУИ и ДПА.
Петседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број пратеници.
По изборот, претседателот на Парламентот во наредните денови ќе треба да закаже и седница за избор на новата Влада што ќе ја предводи лидерот на СДСМ Зоран Заев. Рокот за поднесување предлог за избор на нова Влада е 2 септември.