Продолжено ограничувањето на Тачи за непривилегирани посети, за да се спречи откривање информации
Специјализираните совети на Косово во Хаг, на поранешниот лидер на Ослободителната војска на Кoсово (ОВК) Хашим Тачи, му го продолжи ограничувањето на непривилегирани посети, со цел да се спречи незаконско откривање на доверливи информации за сведоците.

Во соопштението се наведува дека одлуката ја донела судијката Марџори Масело, која утврдила дека е потребно ограничувањата да останат во сила и оти истите се пропорционални и во согласност со правата на обвинетите.
Ограничувањата се преиспитуваат на секои три месеци, врз основа на извештаите доставени од секретарот на Специјализираните совети на Косово.
На Тачи му се суди во случајот „Тачи и другите“ за злосторства против човештвото, заедно со уште тројца лидери на ОВК – Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.
Тие се обвинети за прогон, затворање, тортура, убиство и присилно исчезнување на лица, како и за незаконско и произволно апсење и лишување од слобода, суров третман, тортура и убиство.
Во обвинението се наведува дека кривичните дела за кои се товарат се извршени во периодот од март 1998 до септември 1999 година на неколку места во Косово, како и во Кукс и Ќахан, о северна Албанија.
Сите четворица ја негираат вината.






