Продолжува демонтирањето на бетонската база на излезот од Охрид

Активностите за отстранување на нелегално изградената бетонска база на излезот од Охрид продолжуваат со празнење и демонтирање на силосите. Во текот на вчерашниот ден е демонтиран и последниот од трите силоси на комплексот.

Како што истакнаа од Општина Охрид, активностите за отстранување на бесправно изградените објекти во Општина Охрид се одвиваат согласно утврдената динамика. Од Локалната самоуправа истакнуваат дека потврда за тоа е отстранувањето на бетонската база, празнење и на последниот силос. Истовремено се најавува дека во наредниот период ќе се продолжи и со отстранување на останатите делови од објектот на базата.

Уривањето на нелегално поставената бетонска база почна на почетокот на јуни, кога механизација влезе во комплексот и започна со уривање на бетонските делови на инсталацијата.

Базата е на градежната компанија „Нефи ИК“ сопственост на советникот во Општината Нефи Усеини. За инсталацијата има правосилно решение дека се работи за нелегално изграден објект што мора да биде урнат.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close