Продолжува герила-акцијата против дезинформациите: Внимание, се појавија лажговците со кратки нозе – не наседнувајте!


„АСНОМ е избришан од Уставот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!“, „Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци – на лагата и се куси нозете, а долги опашките“, „Путин ја ослободува Украина од фашизмот – отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат“, „Се градат кампови за Македонија да на населат стотици илјади мигранти – проверувањето е мајка на знаењето, три пати провери еднаш сподели“ – се дел од пораките на герила- акцијата „Лажговците со кратки нозе фатени среде Скопје“
Во Скопје денеска повторно се појавија макети кои се претставени луѓе со транспаренти на кои се испишани пораки од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации во земјава.

„’АСНОМ е избришан од Уставот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!’, ‘Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци – на лагата и се куси нозете, а долги опашките’, ‘Путин ја ослободува Украина од фашизмот – отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат’, ‘Се градат кампови за Македонија да на населат стотици илјади мигранти – проверувањето е мајка на знаењето, три пати провери еднаш сподели’“,
се дел од пораките на герила-акцијата „Лажговците со кратки нозе фатени среде Скопје“.
Вчера на повеќе локации низ Скопје, анонимни активисти поставија макети од мобилни телефони на чии екрани се претставени истите овие пораки кои и денеска беа испишани, што упатува на тоа дека се работи за ист организатор.

Back to top button
Close